Posts

Showing posts from 2023

"Влезете во волшебниот свет на плетени детски играчки и еколошки креации"

Image
  Секогаш со огромно воодушевување ги претставуваме нашите уметници. Обожаваме да напишеме убави зборови за нивните дела и да ги доближиме до вас. Денеска повторно ќе нурнеме во светот на децата, светот на играчките и ќе ви ја претставиме Снежана Ѓореска која својата креативност ја насочила баш кон изработка на детските најверни другарчиња - плетени детски играчки. Нема ништо послатко од задоволен мал клиент кој своите денови и ноќи ќе ги поминува под рака со најомилената играчка. Идеата за плетени играчки Снежана ја добила од интернет. И предизвик и било да проба да изработи за децата во нејзината фамилија како уникатен подарок. Со ракотворење се занимава од 13 годишна возраст и работела во повеќе техники меѓу кои, плетење со две игли, плетење со една игла, миленца, и техника англе ( poentles), изработки со монистри, изработка на накит и привезоци. Моментално изработува само плетени играчки, и споредна љубов и е изработката на природни сапуни и еколошки восочни обвивки. Исто така ...

Татјана Николиќ - творец на НиТА декорации

Image
      Денес патуваме во југоистичниот дел на Македонија, во Струмица. Прва асоцијација за Стумица ни се струмичките кикирики и најубавиот зеленчук ( што би рекле струмичани чушки и френки). Но, Струмица е богата и со вредни луѓе кои со своите десет прсти создаваат ремек дела. Една од нив и нашата ракотворка Татјана Николиќ. По струка е инженер по дрвна индустрија, но некако не се пронаоѓа во таа  дејност. Но, затоа таа е виртуоз со игли, за плетење и шиење .       Уште од најрана возраст се интересира за шиење и плетење. Како дете нејзини први муштерии биле куклите на кои им шиела најразновидни креации. За прв пат на машина за шиење започнува на 15 години. Но, кога некој е креативен , неговиот дух не мирува. Па така Татјана запонала со плетење (со две игли) и со хеклање ( со една игла). Последниве 15-20 години целото внимание го посветува на хеклање. А, идејата за хеклање дошла спонтано. Таа е сопственик на дуќан , па идеата за плетени работи...

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна

Image
       Зад профилот Плетена приказна стои Ивана од Скопје. Ивана има  39 години, сопруга, мајка на Ѓорѓи. Домот и секојдневието го делат со мачорот Тоби.      Таа е заљубеник во се што е ракотворба и смета дека техниките се само еден вид на мост помеѓу креаторот и делото. Изработува персонализирани подароци и честитки од хартија. По потреба изработките ги врамува. Матерјалите ги набавува локално, од нашите книжарници, а најдраги и се маалските книжарници кои за неа имаат посебен шарм бидејќи тие можат да бидат извор на вистински “богатства”.  Со рачна изработка се занимава од 2014 кога започнала да плете поактивно (така и страницато го добила името) потоа кратко ја истражува полимерната глина и сфатила дека нема некој голем талент за тоа. Хартијата како материјал сама си го завземала главното место во 2018 година. Од тогаш па наваму, хартијата сеуште и го окупира интересот за креирање. Најмногу изработува персонализирани подароци за новороден...