Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна


     Зад профилот Плетена приказна стои Ивана од Скопје. Ивана има  39 години, сопруга, мајка на Ѓорѓи. Домот и секојдневието го делат со мачорот Тоби.
    Таа е заљубеник во се што е ракотворба и смета дека техниките се само еден вид на мост помеѓу креаторот и делото. Изработува персонализирани подароци и честитки од хартија. По потреба изработките ги врамува. Матерјалите ги набавува локално, од нашите книжарници, а најдраги и се маалските книжарници кои за неа имаат посебен шарм бидејќи тие можат да бидат извор на вистински “богатства”. 


Со рачна изработка се занимава од 2014 кога започнала да плете поактивно (така и страницато го добила името) потоа кратко ја истражува полимерната глина и сфатила дека нема некој голем талент за тоа. Хартијата како материјал сама си го завземала главното место во 2018 година. Од тогаш па наваму, хартијата сеуште и го окупира интересот за креирање.

Најмногу изработува персонализирани подароци за новороденчиња и роденденски пораки. Прави и персонализирани кутивчиња и декорации за родендени и семејни прослави, како и топери за торти кои и се доста барани во последно време. Изработува и торти од хартија кои дечињата ги носат во градинка. Бидејќи изработките се персонализирани, и видот на изработки е разнолик.

Инспирација најмногу црпе од работите кои ја опкружуваат, доколку ја познава личноста за која е подарокот, се труди да изработи нешто што знае дека ќе биде во стилот на таа личност, и  смета дека кога ќе се задлабочи човек малку повеќе во себе испирација ни доаѓа и одвнатре, од нас самите.


На оние кои сеуште не започнале со ракотворење би им препорачала да го следат внатрешниот порив. Да не настојуваат да изнудат од себе некое дело доколку истото не е созреано. Исто така и да не ги потиснуваат делата кои се веќе во нив, бидејќи порано или подоцна, тие ќе си го најдат патот за да бидат создадени.
Времето потребно за изработка е различно и е во зависност од типот на изработка а и моменталната испирација. За некои дела и се потребни ден-два додека за некои посебни изработки и требале месеци за да ги заврши. 


Изработките ги пласира преку нејзините профили на социјалните мрежи и генерално во Македонија. Некогаш нејзините изработки завршуваат во странство на што е посебно горда, бидејќи некои дела стигнале во Земји кои што и самата никогаш не ги посетила.
Процесот на изработка започнува со идеја, следи истражување, скица и изработка на креацијата. Некогаш процесот пред изработката е значително долг и може да трае доста време. Смета дека луѓето кои не се занимаваат со рачна изработка не се свесни  за тој дел од творењето. Топло препорачува секој човек да се обиде барем еднаш во животот да го “освести” креативецот во себе преку содавање и на наједноставно дело.
Повеќе изработки од Плетена приказна можете да погледнете на нејзиниот фб профил, незината фб страница и нејзиниот инстаграм профил
















































Popular posts from this blog

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација