"Влезете во волшебниот свет на плетени детски играчки и еколошки креации"

 

Секогаш со огромно воодушевување ги претставуваме нашите уметници. Обожаваме да напишеме убави зборови за нивните дела и да ги доближиме до вас. Денеска повторно ќе нурнеме во светот на децата, светот на играчките и ќе ви ја претставиме Снежана Ѓореска која својата креативност ја насочила баш кон изработка на детските најверни другарчиња - плетени детски играчки. Нема ништо послатко од задоволен мал клиент кој своите денови и ноќи ќе ги поминува под рака со најомилената играчка.


Идеата за плетени играчки Снежана ја добила од интернет. И предизвик и било да проба да изработи за децата во нејзината фамилија како уникатен подарок. Со ракотворење се занимава од 13 годишна возраст и работела во повеќе техники меѓу кои, плетење со две игли, плетење со една игла, миленца, и техника англе ( poentles), изработки со монистри, изработка на накит и привезоци. Моментално изработува само плетени играчки, и споредна љубов и е изработката на природни сапуни и еколошки восочни обвивки. Исто така ја испробала и техниката филцање на волна но поради тешкото наоѓање на материјали паузира во оваа техника.

Плетените играчки се изработуваат во амигуруми техника, материјалите за нив ги набавува од продавниците за конци во нашата земја а додатоците како очиња, трепки, носиња ги нарачува од интернет страници.Не интересираше што најмногу и нарачуваат и таа вели дека најбарани и се ликовите од цртаните филмови.
Инспирација црпи од секаде а најмногу од нејзината 5 годишна внука која е полна со идеи за изработки со кои ја радува баба.

Снежана ужива во тоа што го работи, твори со голема љубов и секое ново дело ја исполнува. Со ништо не би ја заменила оваа работа. Задоволна е што го работи тоа што го сака но сепак е реална кога станува збор за тоа дали е исплатива оваа работа таа вели дека доколку би се ставила реална цена на секое изработено парче подолго време би седело непродадено. Тоа е резултат од нашиот стандард и никогаш неможе да се наплати убаво цел тој труд и време вложено од нашите ракотворци. Но и покрај тоа нејзината љубов кон ракотворењето е најважна. За изработка на една играчка нејзе и е потребно од еден до неколку дена во зависност од големината и сложеноста на играчката.
Процесот на изработка е следен, се плетe со една игла, плетењето е во кружни спирални движења и се плетат деловите на играчката еден по еден и потоа се составуваат со шиење или плетење. Се полнат со антибатериско силиконско полнење. На крај се додаваат сите детали. Очиња кои можат да бидат пластични безбедносни или очињата може да се извезат. Моментално своите производи ги рекламира преку социјалните мрежи и работи по нарачки.

Исто така спомнавме дека Снежана се занимава и со изработка на природни сапуни и козметика за различни намени во чија изработка користи природни материјали. Со комбинација на различни масла и билки има голем дијапазон на производи за нега на кожа, коса, па дури и природен прашак за перење алишта. Исто така изработува и еколошки восочни обвивки, тие се најдобрата опција со која може да се заменат пластичните фолии и кои се употребуваат за пакување на храна која може да остане подолго време свежа.



Следен проект на кој Снежана сака да посвети време е филигранот со срма кој и е привлечен и сака да ја научи оваа техника. Ние и посакуваме успех и на тоа поле како и на сите полиња на кои досега се докажала а вие најмалку што можете е да ја за пратите на социјалните мрежи и да ја подржиме во нејзината извонредна работа.

Повеќе нејзини изработки можете да погледнете на нејзината фб страница https://www.facebook.com/racnaizrabotka.nakit?mibextid=ZbWKwL и нејзиниот инстаграм профил https://www.facebook.com/profile.php?id=100063625775626&mibextid=ZbWKwL








Popular posts from this blog

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна