Posts

Showing posts from November, 2023

"Влезете во волшебниот свет на плетени детски играчки и еколошки креации"

Image
  Секогаш со огромно воодушевување ги претставуваме нашите уметници. Обожаваме да напишеме убави зборови за нивните дела и да ги доближиме до вас. Денеска повторно ќе нурнеме во светот на децата, светот на играчките и ќе ви ја претставиме Снежана Ѓореска која својата креативност ја насочила баш кон изработка на детските најверни другарчиња - плетени детски играчки. Нема ништо послатко од задоволен мал клиент кој своите денови и ноќи ќе ги поминува под рака со најомилената играчка. Идеата за плетени играчки Снежана ја добила од интернет. И предизвик и било да проба да изработи за децата во нејзината фамилија како уникатен подарок. Со ракотворење се занимава од 13 годишна возраст и работела во повеќе техники меѓу кои, плетење со две игли, плетење со една игла, миленца, и техника англе ( poentles), изработки со монистри, изработка на накит и привезоци. Моментално изработува само плетени играчки, и споредна љубов и е изработката на природни сапуни и еколошки восочни обвивки. Исто така ја и

Татјана Николиќ - творец на НиТА декорации

Image
      Денес патуваме во југоистичниот дел на Македонија, во Струмица. Прва асоцијација за Стумица ни се струмичките кикирики и најубавиот зеленчук ( што би рекле струмичани чушки и френки). Но, Струмица е богата и со вредни луѓе кои со своите десет прсти создаваат ремек дела. Една од нив и нашата ракотворка Татјана Николиќ. По струка е инженер по дрвна индустрија, но некако не се пронаоѓа во таа  дејност. Но, затоа таа е виртуоз со игли, за плетење и шиење .       Уште од најрана возраст се интересира за шиење и плетење. Како дете нејзини први муштерии биле куклите на кои им шиела најразновидни креации. За прв пат на машина за шиење започнува на 15 години. Но, кога некој е креативен , неговиот дух не мирува. Па така Татјана запонала со плетење (со две игли) и со хеклање ( со една игла). Последниве 15-20 години целото внимание го посветува на хеклање. А, идејата за хеклање дошла спонтано. Таа е сопственик на дуќан , па идеата за плетени работи и дошла како природен тек на нештата, во ко

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна

Image
       Зад профилот Плетена приказна стои Ивана од Скопје. Ивана има  39 години, сопруга, мајка на Ѓорѓи. Домот и секојдневието го делат со мачорот Тоби.      Таа е заљубеник во се што е ракотворба и смета дека техниките се само еден вид на мост помеѓу креаторот и делото. Изработува персонализирани подароци и честитки од хартија. По потреба изработките ги врамува. Матерјалите ги набавува локално, од нашите книжарници, а најдраги и се маалските книжарници кои за неа имаат посебен шарм бидејќи тие можат да бидат извор на вистински “богатства”.  Со рачна изработка се занимава од 2014 кога започнала да плете поактивно (така и страницато го добила името) потоа кратко ја истражува полимерната глина и сфатила дека нема некој голем талент за тоа. Хартијата како материјал сама си го завземала главното место во 2018 година. Од тогаш па наваму, хартијата сеуште и го окупира интересот за креирање. Најмногу изработува персонализирани подароци за новороденчиња и роденденски пораки. Прави и персонали