Posts

Showing posts from September, 2023

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Image
   Ви ја претставуваме Анета од Охрид, ракотвока која има широка лепеза на рачно изаботени производи, работи во повеќе техники  и во секоја од нив се снаоѓа совршено добро. Со рачна изработка започнала да се занимава пред пет години откако останала без работа, главен мотив за да започне да ракотвори и било тоа што сакала да си го пополни слободното време, своите изработки ги споделувала на социјалните мрежи и така ги добила и првите нарачки.      Најпрвин започнала да црта на чаши, а најбарани и биле чашите со мотиви од јунаците од цртаните филмови, но понатака почнала да изработува декоративни закачалки за клучеви изработени од парче дрво и камчиња кои ги собира покрај Охридското езеро. Понатака започнува со изработка на слики од камчињата и на тој начин успева на секое обично камче да му вдахне парче душа со посебно значење за секој поединец за кого сликата е направена.      Пралелно со сето тоа и се појавил интерес и за работа со полимерна глина и епоксидна смола и од нив изработув

Каранфилка Гицева, креаторка на Среќна дружина - рачно изработени куклички

Image
       Оваа наша магична земја раѓала вредни раце и креативни умови отсекогаш. Доказ за тоа се огромниот број ракотворци и уметници кои создаваат ремек дела за восхит. Додека се запознаваме со дел нив се сретнавме со Каранфилка Гицева и нејзините прекрасни изработки.        Каранфилка е сопруга и мајка на 16 годишна ќерка. Вработена, но целото свое слободно време што малку го има го посветува на своето хоби - хеклање куклички во амигуруми техника. Основите на хеклањето ги осознава уште многу малечка на нејзини 6-7 години благодарение  на мајка и и баба и и се вљубува во хеклањето. Започнала со изработка на фустанчиња за кукли кои сама си смислувала, и нивниот дизајн и какви шари ќе имаат, но во ни еден момент не помислувала дека изработката на амигуруми ќе стане дел од нејзиното секојденевие. Се до пред четири години кога за прв пат на интернет видела играчка изработена во оваа јапонска техника.       За  првата нејзина кукла иницијатор била ќерка и  која посакала да и ја направи нејзи

"Тања Арилон, професор по философија по образование и уметничка душа по природа, ја претставува својата енергија и визија преку чудесните креации наречени Wonder Art."

Image
      Во суштината на човекот е творењето и секој различно ја искажува својата креативна енергија. За некого тоа е пишан збор, за некој е ноти отсвирени на некој музички инструмент а за нашиот соговорник тоа се прекрасни дела со кои денеска ќе ве запознаеме.      Ви ја претставуваме Тања Арилон од Велес, професор по философија по образование,  поранешен наставник по етика, моментално занаетчија и уметник, личноста позади Wonder Art.     Кога ја прашавме како се започнало таа вели -  Идејата за изработка на ракотворби се појави сосема случајно. Сé започна за време на пандемијата, од хоби и да се работи нешто за да поминува времето премина во пасија и професија. Искрено пред тоа никогаш не сум размислувала за ракотворење, но ете овие таленти се сосема случајно откриени. Моментално работи со хартија, глина и рециклирани материјали (хартија и пластика). Со хартијата работи квилинг техника (квилинг на хартија или филигранство со хартија), а од глината изработува накит кој го комбинира со ак

Златка Пурковиќ - Со нишки од срмен конец до спокој и задоволство

Image
  “Ако сакаш цел живот ништо да не работиш, тогаш одбери професија или хоби што ги сакаш.  Тогаш тоа не е работа, туку уживање, игра, задоволство и восхит од направеното. Имав среќа и си ја одбрав професијата што ја сакав, а сега со истиот жар, како пензионер, продолжив.“      Вели нашата соговорничка Златка Пурковиќ (65 години) која  изработува филиграни со срмен конец. Таа вели дека во оваа техника чувствува дека конечно се пронашла себе си. Започнала така што видела неколку изработки со срмен конец, се воодушевила и одлучила и таа да започне да израбтува такви дела. Бидејки не  успеала да пронајде курс или обука за оваа техника, таа започнала сама. Вели дека на почетокот многу научила од своите грешки, впрочем, како тоa се учи и во секој друг занает.      Филигранот се изработува од срмен конец кој може да биде сo различна дебелина, со помош на лепило, конецот се лепи нишка по нишка, една до друга за да од него се создаде слика. Најпрвин е потребно да се има некоја слика, цртеж како