"Тања Арилон, професор по философија по образование и уметничка душа по природа, ја претставува својата енергија и визија преку чудесните креации наречени Wonder Art."

     Во суштината на човекот е творењето и секој различно ја искажува својата креативна енергија. За некого тоа е пишан збор, за некој е ноти отсвирени на некој музички инструмент а за нашиот соговорник тоа се прекрасни дела со кои денеска ќе ве запознаеме.
    Ви ја претставуваме Тања Арилон од Велес, професор по философија по образование,  поранешен наставник по етика, моментално занаетчија и уметник, личноста позади Wonder Art.

    Кога ја прашавме како се започнало таа вели -  Идејата за изработка на ракотворби се појави сосема случајно. Сé започна за време на пандемијата, од хоби и да се работи нешто за да поминува времето премина во пасија и професија. Искрено пред тоа никогаш не сум размислувала за ракотворење, но ете овие таленти се сосема случајно откриени.
Моментално работи со хартија, глина и рециклирани материјали (хартија и пластика). Со хартијата работи квилинг техника (квилинг на хартија или филигранство со хартија), а од глината изработува накит кој го комбинира со акрилни бои, декупаж техника и сл. Материјалите (глина, акрилни бои, четки, лепак  итн) ги набавува од онлајн продавници.
Лентите за квилингот дел ги изработува сама, дел ги купува по книжари кога се достапни.  Алатките за квилингот се сите набавени од алиекспрес, што одзема многу време за жал, но освен основните во Македонија ретко се наоѓаат алатки за квилинг.

    Со квилинг техниката и глината работи скоро 3 години, пред некое време почна да изработува и слики од рециклиран весник, исто така се труди да учи и нови техники, изработка на монистри од пластични шишиња и изработка на накит од жица  (ова го учи од јутјуб каналот на Ellie Art).

Напредокот на Тања во квилингот за две години. 


Алатки кои се користат во квилингот на хартија. 


    Најбарани производи се квилинг сликите со нејзин дизајн или со дизајн по желба на клиент. Од накитот најпопуларни се обетките изработени со квилинг техника во различни дизајни, и обетките од глина во комбинација со декупаж техника, особено со Фрида Кало или со слики по желба на клиентот. Од квилинг сликите во нејзин дизајн најпопуларни се „Малиот Принц“ и нејзината интерпретација на „Бакнежот“ од Густав Климт, слики со имиња, слики со мачка. Купувачите кои нарачуваат се од сите возрасти, а најчесто жени. 
    Таа вели “Инспирацијата најчесто ми е поврзана со личните интереси, дали е тоа хоби, или дел од професијата, или нешто она што ми и интерес во моментот. Јас сум од оние луѓе кои гледаат одвнатре- надвор затоа поголемиот дел од моите креации доаѓаат од мој омилен автор, или книга која ми оставила впечаток, стих, митови и легенди, јога, омилен ликовен уметник итн. Понекогаш доаѓа и како предизвик, особено кога е по идеја на клиент, самиот процес од нечиј ум до мои раце и мисли, па се до дело ми е вистинско уживање. Како човек што не го познавал својот потенцијал за ракотворење до своја 34та година, ниту пак сметал дека поседува некаков талент за уметност би им препорачала на сите-  ПРОБАЈТЕ И ПОЧНЕТЕ, без разлика колку се сомневате во Вас самите, земете алат во рака и почнете. Ако немате алат и мислите дека е комплицирано да најдете, не е, со текот на времето ќе откривате се повеќе информации за техниката, а и за себе. “


Почетоците 




Обетки „Фрида Кало“ и „Ѕвездена ноќ“ изработени од глина и декупаж техника

Малиот принц изработен со техника квилинг на хартија.

„Бакнежот“ од Густав Климт изработен со техника квилинг на хартија. 

Квилинг обетки „Фрида Кало“

Лично име изработено со техника квилинг на хартија.

„Ѕвездена ноќ“ од Ван Гог изработена со техника квилинг на хартија.

Ланче со нордиските руни



Popular posts from this blog

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна