Posts

Showing posts from October, 2023

Креативната Мила од секоја замисла прави уметничко дело

Image
Кога некој има креативност во себе ништо на светов не може да го спречи да ја покажe. Ништо такво неможе да остани скриено и потиснато во срцето и умот на уметникот. Со творењето тој дише, со творењето се храни, тоа е дел од неговото постоење.  Денеска ќе зборуваме баш за една таква душа. Чест ни е да ве запознаеме со младата Мила Николовска која има 24 години и е дипломиран графички дизајнер. Со изработка на накит започнала да се занимава уште како дете. Отсекогаш тоа ја интересирало и привлекувало. Од сите материјали со кои таа работела полимерната глина и е дефинитивно најголемата љубов од детството и за прв пат ја сретнала во Австрија но пред 3 години решила да се посвети на изработка и продажба на накит од полимерна глина но и од други техники.

Елиф Ајдароска Ибеска - професорка по Македонски јазик во улога на ракотворка

Image
Срмениот филигран како симбол на нашата традиција.   Филигранството е прекрасна уметност која бара многу трпение, прецизност и креативност. Во изработката на филигранот се користат сребрени нишки и така се твори накит, украси и се што може да замисли уметникот. Инспирирани од него на нашата територија уметниците создаваат филигран со срмен конец кој во нашата историја имал честа примена во украсувањето на народните носии. Можеме да бидеме горди што филигранството со срмен конец е уникатен на нашата територија. Денес ве запознаваме токму со еден уметник за оваа техника. Ви ја претставуваме Елиф Ајдароска Ибеска, по професија дипломиран професор во катедрата за Македонски јазик и книжевност, вработена како наставник во основното училиште "Мустафа Кемал Ататурк". Таа за себе вели дека е самоук занаетчија, кој отсекогаш се восхитувал на рачните изработки, а посебно на филиграните од срма, кои и самата ги работи со огромна љубов.      Секој занает има свои техники на изработка

Уникатни ракотворби за љубителите на книги

Image
       Читањето е како патување без граници, каде секоја страница е нова дестинација. Со секоја книга се отвараат врати кон светови на фантастични приказни, светови на знаење и мудрост, светови на авантури без крај, светови кои чекаат да бидат истражени. За љубителите на книги, овие светови се бесконечен извор на емоции, затоа кога треба да го збогатиме читателското искуство, на своите блиски пријатели или себеси, посакуваме да им/си подариме нешто посебно.      Книгите отсекогаш биле неисцрпна инспирација за многу уметници и ракотворци. Денес многумина од нив создаваат ракотворени дела кои се многу повеќе од обични предмети, тие ги прошируваат границите на класичното читателско искуство и го разубавуваат со своја посебна магија.      Денес ке ви откриеме неколку начини како да израдувате некој од вашите блиски кои сакаат книги, или пак, како да се израдувате себеси, додавајки малку магија од вештите раце на креативните ракотворци. Внесете повеќе магија во вашиот читателски свет, или,

Запознајте ги Олгица и Младен - креаторите на Phoenix J Ewelry (Phoenix Knots)

Image

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Image
     Дали и вам есента ви буди желба за украсување на домот, за топла плетена облека или едноставно сакате да се потопите во атмосферата на есента преку миризливи свеќи или парче накит? Дали есента ви буди желба да им подарувате на саканите? Независно дали барате специјален подарок, сакате да го разубавиот вашиот дом со предмети кои имаат уметничка вредност или просто сакате да уживате во есента, ние ви нудиме 19 производи, рачно изработени од наши домашни ракотворци кои ке ви донесат топлина во студените есенски денови.   

Креациите на Лидија Тасевска од Куманово носат радост и убавина во многу домови

Image
Ако пробаме да го замислиме овој свет без креативни умови и уметнички души не би ни се допаднало воопшто тоа што би го виделе. Нашето секојдневие е преполно со работи кои некој ги створил. И сите ние бираме да не опкружуваат работи кои не прават весели и будат убави чувства во нас. Најголемата радост за еден креативец е некој да се заљуби во неговото дело и да посака да е тоа нешто, дел од неговото секојдневие.       Денес разговаравме со една креативна душа која ни ја раскажа својата приказна и не запозна со нејзините ракотворби.  Станува збор за Лидија која живее во Куманово. За некој ден ќе им каже “добродојдовте” на 40 тите. Мажена за прекрасен човек со кој гордо чекорат по патот, независно дали е послан со рози или трња, родители на прекрасно мало девојче.       Да хекла научила многу мала, некаде околу шестата или седмата година. Со нас го сподели своето прво искуство со ракотворби. Таа ни раскажа - "Имено родена сум во не толку финансиски ситуирано семејство, а се ближеше 8

"Творечки Портрет: Запознајте jа мајсторката на квилинг и декупаж - Славица Цаци Трчкова"

Image
Денес имаме можност да се запознаеме со Славица Цаци Трчкова, ракотворец од Скопје. Цаци по професија е адвокат. Својата професија ја смета за вербално креативна, но додека пак креативноста во рачните изработки ја преточува преку неколку техники.      Во разговорот ни кажа дека прва љубов и била quilling (квилинг), изработки од тенки ленти хартија од кои подоцна се обликуваат форми. Формите можат да бидат тродимензионални (на пример накит, обетки..)и дводимензионални (врамени слики). Со техниката квилинг се запознала сосем случано, кога требало да се изработи проект по ликовно за нејзиниот син, а да биде во техника која е помалку позната. Листајќи по интернетот , ја забележала техниката квилиг.  И така започнала приказната...која се уште трае.      Но, како и секој креативец и Славица секојдневно се среќавала со други техники. Она што од дете го посакувала да го работи е декупажот. Техника на украсување предмети со салфетки или тенки листови хартија. За прв пат оваа техника ја има ср