Креациите на Лидија Тасевска од Куманово носат радост и убавина во многу домови


Ако пробаме да го замислиме овој свет без креативни умови и уметнички души не би ни се допаднало воопшто тоа што би го виделе. Нашето секојдневие е преполно со работи кои некој ги створил. И сите ние бираме да не опкружуваат работи кои не прават весели и будат убави чувства во нас. Најголемата радост за еден креативец е некој да се заљуби во неговото дело и да посака да е тоа нешто, дел од неговото секојдневие. 
    Денес разговаравме со една креативна душа која ни ја раскажа својата приказна и не запозна со нејзините ракотворби. 
Станува збор за Лидија која живее во Куманово. За некој ден ќе им каже “добродојдовте” на 40 тите. Мажена за прекрасен човек со кој гордо чекорат по патот, независно дали е послан со рози или трња, родители на прекрасно мало девојче. 
    Да хекла научила многу мала, некаде околу шестата или седмата година. Со нас го сподели своето прво искуство со ракотворби. Таа ни раскажа - "Имено родена сум во не толку финансиски ситуирано семејство, а се ближеше 8ми Март, па замислив на мама да и сплетам миленце (англе) и ја замолив да ме научи да хеклам. Скришно додека таа беше на работа јас го сплетив, и на 7ми решив да го избелам. Го ставив во чиста варикина да стои цела нок, на 8ми да го извадам и испеглам, што ќе видам, нормално англето целосно во фаза на распаѓање. И ден денес помнам дека тој 8ми Март го преплакав оти го немав подарокот за кој толку се трудев, а мајка ми беше и покрај тоа пресреќна. Денес оваа случка е анегдота на која секогаш слатко се смеам, а техниката која тогаш ја научив, подоцна во животот ми се најде многу корисна.
Животот носи убави и тешки моменти, така еден од потешките и била борбата со неплодност. Го сакала мајчинството најмногу и била спремна да ги превземе сите чекори за да се оствари како мајка, но процесот не само што бил психички тежок туку и биле потребни многу финнсиски средства, така да барала начин како да стекне дополнителен приход. Еден ден случајно наишла на туторијал за плетење мече во амигуруми техника. Знаејќи ги основите истиот ден купила игла и конец и го сплетила првото мече. 
Првото не било совршено па сплетила второ па и трето и веќе се подобрувала во изработката. Почнала повеќе да истражува за оваа техника, да ги учи финесите, и во секоја наредна изработка да е подобра и подобра. Денес е мајстор на својот занат кој сеуште се усовршува. 
Материјалите ги набавува директно или online во продавниците за волница и конци. Во 2018 почнала да ја истражува и да ја учи оваа техника, во 2019 започнала со неа да се бави интезивно.
Таа вели -" Инспирација не ми недостасува, секогаш сум полна идеи кои најмногу ги црпам од социјалните мрежи. Секоја изработка е единствена и уникатна, никогаш иста, само слична може да биде. Секогаш се стремам да ги нулирам недостатоците и грешките од претходните изработки. Ако погрешам во текот на изработка и видам дека е згрешено, знам да распарам се до грешката и покрај изгубеното време. 


     Нејзините најверни клиенти се мајките и тетките., а во последно време и кумите кои нарачуваат кукли со испишано име на бебето за кое е поклонот.
Најмногу ја радуваат фотографии од задоволните детски насмевки кога ги добиле своите куклички. Исто така е најсреќна кога ја радува и својата ќерка со своите изработки. Има изработено околу 600 дела и често знае да подарува. Скоро секое дете од најзината околина има барем по една кукла од Lily Dolls. 


    Некогаш знае да почне и три кукли во исто време, но гледа секогаш да биде нарачката готова во договорениот рок. Ниту една колешка од нејзината бранша не ја гледа/смета за конкуренција, дури и топло ги препорачува ако не е во можност да изработи нешто. Секоја од нив има свој начин на изработка. Секоја изработка е убава на свој начин, уникатна и посебна, токму поради тоа што е изработена од нечии раце и наменета за некого. 


Името Lily Dolls често го поврзуваат со нејзиното име, меѓутоа  Лили е името на нејзината прва кукла од детството. Таа вели дека 80% од изработките и се по нарачка, но наоѓа време и да изработи по некоја кукла и по нејзина замисла.


  Исто така ја препорачува оваа техника на секој кој би сакал да проба и има желба за креативно изразување. Целиот процес опушта а крајниот резултат може и да им донесе добивка . Изреката дека “плетењето е јога за мозокот “ е 100% точна. За крај, хеклањето е мојата втора љубов, тоа ме исполнува и релаксира - вели Лидија.
Нејзините изработки можете да ги погледнете на нејзината фб страница lilydolls  и нејзиниот инстаграм профил lilydollsmk на @lidijatasevska.

















Popular posts from this blog

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна