Уникатни ракотворби за љубителите на книги


     Читањето е како патување без граници, каде секоја страница е нова дестинација. Со секоја книга се отвараат врати кон светови на фантастични приказни, светови на знаење и мудрост, светови на авантури без крај, светови кои чекаат да бидат истражени.
За љубителите на книги, овие светови се бесконечен извор на емоции, затоа кога треба да го збогатиме читателското искуство, на своите блиски пријатели или себеси, посакуваме да им/си подариме нешто посебно.
    Книгите отсекогаш биле неисцрпна инспирација за многу уметници и ракотворци. Денес многумина од нив создаваат ракотворени дела кои се многу повеќе од обични предмети, тие ги прошируваат границите на класичното читателско искуство и го разубавуваат со своја посебна магија.
    Денес ке ви откриеме неколку начини како да израдувате некој од вашите блиски кои сакаат книги, или пак, како да се израдувате себеси, додавајки малку магија од вештите раце на креативните ракотворци.
Внесете повеќе магија во вашиот читателски свет, или, направете го вашиот подарок специјален и незаменлив!

    Бележници за книги

    Уникатните бележници за книги се совршен избор за подарок за некој кој е љубител на книгите. Освен што нивната примена е и практична, служат за  да ги обележуваат страниците до каде сте прочитале, тие можат да го израдуваат читателот доколку со својот дизајн ја истакнуваат неговата личност и карактер.
    На вашите блиски подарете им бележници кои се персонализирани, имаат име или иницијали, содржат порака која е важна за нив или едноставно претставуваат нешто што е блиско до читателот.

Секогаш уникатна во изработките, моментите на убавина ги лови во епоксидна смола. Посетете ја ''Девојчето со книгите''  @devojceto_so_knigite








За љубителите на книги им ги препорачуваме рачно изработените бележници за книги изработени од природни цвеќиња и смола. Посетете ја ANNI_EPOXY   @anni_epoxy  anni_epoxy





Не можете да останете рамнодушни на рачно плетените бележници за книги изработени во боемски стил. Задолжителен додаток за сладокусци.



Чингелајче Глувчиња-читалчиња. Преслатки! Единствена опасност е дека толку ќе ги сакате што можеби ќе заборавите на книгата 😀 Изработени се од памучен конец, техника плетење со чингелајче (хеклање). Линк до ФБ профил: https://www.facebook.com/mychingelajche





Читањето и уживањето во книгите, како и магичните моменти на замислување, е прекрасен и поетичен. Читањето на книги ни овозможува да се оплемениме со мајсторските творби на писателите и да отпатуваме на фантастични патувања низ светови кои не зависат од границите на реалноста.
Прекрасни одбележувачи на страници моѓете да погледнете кај Slavica Caci Trckova и на нејзиниот инстаграм профил @creative_caki




Букмаркери ем тематски направени ем направени за деца за дами и господа љубители на пишаниот збор. 
Повеќе изработки може да се видат на фб страница Купи украс и на инстаграм профилот Купи украс.  










      Ellie Art 
Обележувачи за книги кои за миг можат да ве преселат на некое волшебно место каде што ќе можете да уживате во вашите омилени страници.  
Повеќе изработки може да се видат на фб страница Ellie Art - polymer clay и на инстаграм профилот @ellie_art_2.  





Изработката на разни предмети од полимерна глина е забавен и креативен начин креативецот да се изрази и да се создадат уникатни уметнички дела. Со обележувачите за книги од 
Handmade EDEN ќе имате незаборавно литерарно доживување. Уникатни, инспирирани од природата. Можете да ги пронајдете и на инстаграм @handmade_eden.m






Дали некогаш сте си замислувале како танцувате осветлени од месечината на тивката музика во мајсторска изведба на оркестарот на мајчичка природа, ослободени од бремето кое го носи времето и оставени на милост на моќните зборови и мисли кои им припаѓат на писателите кои ве водат далеку?И после, читајќи и патувајки далеку над границите на нашата реалност понекогаш имаме потреба да направиме пауза за кафе,чај,отварање на прозор...Направете си ја паузата со букмаркерите на KayaLunna



   Често се соочуваме со недостаток на простор кога се во прашање книгите кои ги купуваме или добиваме на подарок. Ви нудиме две креативни решенија кои ни пристигнаа од нашите пакотворци
    Полица за книги
                                                                        Phoenix jewelry




 Држач на книги



Дали додека читате сакате да ја наполните атмосферата со пламенот на миризлива свеќа шолја полна со вашиот омилен топол напиток? 
Доколку сте ваков тип на читател, еве прекрасни предлози за вас.














  Колку пати досега сме слушнале дека среќата е во малите работи. Во моментите кога сфаќаме дека душата ќе проговори, срцето ќе затрепери, а очите ќе се насолзат од радост тоа е она вистинското.
Секој од нас носи во себе своја приказна - порака? Која е Вашата ? 
Доколку и вие имате свое видување на каков начин би израдувале своја драга личност Вaшата порака може да се испише на уникатен начин и да се зачува во рамка.




Дали Ви се случило пред некој значаен датум  за блиска личност да појдете да купите честитка/картичка и покрај преполниот штанд со веќе готови честитки, ниту една да не биде онаа вистинската? Да не умее да го каже она кое што вие сте го замислиле и со посебно внимание сте го намениле за славеникот?
Бидејќи Вие сте посебни, и Вашето присуство е посебно, ставете им до знаење на славениците дека Ви е важна нивната среќа.
Уникатни, по мерка,  персонализирани честитки можете да пронајдете кај 











Дневник за прочитани книги и обележувач, изработени од ChocoDigit Land 





Popular posts from this blog

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна