Запознајте ги Олгица и Младен - креаторите на Phoenix J Ewelry (Phoenix Knots)


 Чвор по чвор -  плетка. Плетка по плетка - убавина. Најверојатно сте слушнале за техниката наречена макраме, а доколку не сте слушнале имаме чест да ве доближиме поблиску до неа и да ве запознаеме со Phoenix Jewelry.

Зад името Phoenix Jewelry стојат Олгица и нејзиниот сопруг Младен. Со изработка на накит започнале токму тогаш кога се запознале пред цели 10 години. И двајцата се креативни луѓе по природа и преку изработката на накит ја изразуваат таа страна од нивните личности. Низ овие 10 години испробувале различни техники на изработка но најмногу од се се задржале на макраме техниката.


    Макраме текниката има долга историја и такви јазли се пронајдени дури во Вавилон. Со текот на вековите макрамето наоѓало најразлична примена а денес најчесто се користи во накитот и декорациите во домот.
    Освен изработки во макраме техника исто изработуваат и накит во beadembroidery техника (шиење на монистри на подлога) и дримкечери.


    Во изработките користат разни материјали. За макраме накитот користат квалитетен восочен конец во комбинација со полускапоцени камења, кристали, стаклени монистри и секаков вид додатоци. Во изработката може да се користат различни конци и јажиња и колку е подебел конецот толку е покрупна плетката и изработката. Изработуваат различни модели по желба на купувачите и секое парче гледаат да е уникатно и неповторливо а во тоа е и убавината на рачната изработка. За оваа техника е потребно внимание и трпеливост затоа што за да се добие крајната слика и замисла, се треба да се плети полека чвор по чвор. Олгица вели дека за нејзе макрамето е еден вид на медитација. Тоа ја смирува и исполнува и е како терапија. Во последно време најголема инспирација пронаоѓаат во природата, листовите, дрвјата и тоа се гледа по нивните последни изработки.



Времето потребно да се изработи едно парче накит им зависи од самата големина и комплексноста на парчето. За некое поситно парче им е потребно половина час а за некое неколку дена по неколку часа.
Макрамето го препорачуваат на секој оној кој сака да ја испроба својата креативност и кој е вешт за рачна работа. И пред се за да бидеш успешен треба навистина да се заљубиш во техниката - велат тие.
Продажбата на нивниот накит периодов е онлајн преку нивната фб страна и инстаграм и моментално не продаваат надвор од државата. Имаат доста редовни клиенти кои се радуваат на секоја нивна нова изработка и постојано ги следат.\


 Во изработката е важно да се внимава на комбинацијата на бои, комбинацијата на материјали и форми но тие велат дека со тек на времето сето тоа си доаѓа природно. Самото око се вежба да препознае кога нешто е складно или кога не е. Имаат многу идеи за следни проекти кои сакаат да ги остварат во однос на макраме декор но се во свое време. Во последно време доста повеќе клиенти се запознаени со оваа техника затоа што се почесто таа наоѓа примена во средување на ентериери, па дури и во облеката. И самите тие имаат соработувано и изработено парче облека за позната модна куќа и нивна ревија.


На крај ве покануваат да ги заследите на нивните социјални мрежи и да ја разгледате нивната голема понуда на производи па можеби и вие ќе се заљубите во оваа техника исто како тие самите.














Popular posts from this blog

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна