"Творечки Портрет: Запознајте jа мајсторката на квилинг и декупаж - Славица Цаци Трчкова"


Денес имаме можност да се запознаеме со Славица Цаци Трчкова, ракотворец од Скопје. Цаци по професија е адвокат. Својата професија ја смета за вербално креативна, но додека пак креативноста во рачните изработки ја преточува преку неколку техники.


    Во разговорот ни кажа дека прва љубов и била quilling (квилинг), изработки од тенки ленти хартија од кои подоцна се обликуваат форми. Формите можат да бидат тродимензионални (на пример накит, обетки..)и дводимензионални (врамени слики). Со техниката квилинг се запознала сосем случано, кога требало да се изработи проект по ликовно за нејзиниот син, а да биде во техника која е помалку позната. Листајќи по интернетот , ја забележала техниката квилиг. 
И така започнала приказната...која се уште трае.


    Но, како и секој креативец и Славица секојдневно се среќавала со други техники. Она што од дете го посакувала да го работи е декупажот. Техника на украсување предмети со салфетки или тенки листови хартија. За прв пат оваа техника ја има сретнато уште во времето на поранешна Југославија, на еден ликовен натпревар. Воодушевена од нежните и роматични изработки во декупаж техника, конечно дошло време да се посвети и да почне самата да ги изработува. Изработува на разни предмети и со разни мотиви (етно мотиви, религиски, роматични, апстрактни...). Секако едно од омилените изработки е репарирање на стари предмети од домаќинство, а се надева дека наскоро ќе има можност да посвети и на репарирање на стари парчиња мебел, но  тоа пред се зависи од просторните можности.

    Славица секогаш е спремна да ги проширува своите креативни хоризонти, па најново од нејзината работилница се рачно цртани предмети (најчесто шољи) од порцелан.
Израборува премети по нарачка, но и кога има инспирација.
Во неколку наврати била и обучувач/предавач за техниката декупаж.
Кога ја прашаме каде се има нејзини изработки, ни кажа дека ги има скоро на сите континенти. Најегзотични места каде ги има нејзините изработки се Тајланд, Кина, Хаваи, Тунис, Мароко....но и во Америка, Австралија, скоро сите земји во Европа....
Што се однесува до идните планови ни кажа дека има многу, кои се однесуваат на проширување на техниките на изработка како и во областа на обуките.



Доклку сакате да дознаете повеќе или лично да ја контактирате слободно посетете ја нејзината фб страница: CRAFT TIME и нејзиниот инстаграм профил @creative_caki








 








































Popular posts from this blog

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна