Креативната Мила од секоја замисла прави уметничко дело

Кога некој има креативност во себе ништо на светов не може да го спречи да ја покажe. Ништо такво неможе да остани скриено и потиснато во срцето и умот на уметникот. Со творењето тој дише, со творењето се храни, тоа е дел од неговото постоење. 
Денеска ќе зборуваме баш за една таква душа.
Чест ни е да ве запознаеме со младата Мила Николовска која има 24 години и е дипломиран графички дизајнер.
Со изработка на накит започнала да се занимава уште како дете. Отсекогаш тоа ја интересирало и привлекувало. Од сите материјали со кои таа работела полимерната глина и е дефинитивно најголемата љубов од детството и за прв пат ја сретнала во Австрија но пред 3 години решила да се посвети на изработка и продажба на накит од полимерна глина но и од други техники.

    Досега најмногу користи глина и монистри но се заинтересирала за изработки од епоксидна смола и полека почнува да навлегува и во таа техника. Исто така на најзиниот профил може да се најдат и сапуни во различни форми и бои, свеќи со различни ароми и декорации и козметика кои сама ги изработува.

Материјалите за изработка на нејзините дела ги набавува од секаде, од домашните продавници, онлајн од странство и од сите земји кои ги посетува.
Според нејзиното искуство најголем хит и најпродавани и се обетките а после нив белегзиите од монистри. Во поглед на купувачите таа вели дека претежно и купуваат жените, меѓутоа има случаеви кога мажи купуваат за подарок.

    Мила вели дека инспирација црпи од се што ја опкружува. Продажбата најчесто се одвива на нашите простори меѓутоа има голема желба да почни и продажба надвор од државата.
Процесот за изработка на накитот и почнува со изготвување на скица во тетратка без која никаде не оди. Потоа следи самата изработка која најчесто трае околу 30тина минути до саат време. Потоа следи фотографирањето кое секогаш го прави на сончев ведар ден за да се добијат квалитетни фотографии. И на крај следи споделувањето на социјалните мрежи без кое денешните бизниси не би можеле да опстојат.

    Ги охрабрува сите оние кои некогаш помислиле да се занимаваат со рачна изработка да не чекаат и да се испробаат веднаш и иако секој почеток е секогаш тежок на крај се се исплатува.
Сите ние се радуваме кога запознаваме така млад  уметник кој решил да се посвети со рачна изработка. Отсекогаш велеле - "Светот на младите останува" а ние сме задоволни кога вакви млади сретнуваме. Да им дадеме подршка и да ги запратиме на нивните социјални мрежи. Погледнете ја големата палета на нејзините производи на следниот линк.



















 

Popular posts from this blog

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна