Есенски идеи за подароци и украсување на домот




    Дали и вам есента ви буди желба за украсување на домот, за топла плетена облека или едноставно сакате да се потопите во атмосферата на есента преку миризливи свеќи или парче накит? Дали есента ви буди желба да им подарувате на саканите?

Независно дали барате специјален подарок, сакате да го разубавиот вашиот дом со предмети кои имаат уметничка вредност или просто сакате да уживате во есента, ние ви нудиме 19 производи, рачно изработени од наши домашни ракотворци кои ке ви донесат топлина во студените есенски денови.

  

 Дождливи утра, свежо ветре не кани на прошетки низ шумата. А знаеме што не чека таму. Скриени покрај шумските патеки. Спремни да нахранат некоја срничка. Во различни бои и форми. Печурките ја красат есенската шума. Ги береме и готвиме на различни начини. Но што ако можеме да ги однесеме и дома, да ги обесиме на нашиот ѕид во форма на ова уметничко дело. Исто како да сме донеле дел од шумата. Толку реално и вистинито. Подарете на некого ваков шумски луксуз. Доколку сакате да се восхитувате на слични изработки погледнете на линкот. Ellie Art - polymer clay


    Време е за берба на есенските јаболка и крушки, и секакви други плодови кои овој период ни ги богатат трпезите. Сите во нашите сеќавања имаме слика од полни плетени крошни со ореви, лешници, јаболка... Истите тие чувства ќе ви ги пробудат овие потполно еколошки, плетени, декоративни корпи. Секое стапче од хартија се бои и се плети со такво внимание што на крај се добива вака совршен ефект. Прецизно сплетени од хартија и во такви нијанси кои ќе ви го збогатат домот со топла и есенска атмосфера. Слични производи може да погледнете на следниов линк: 
D Basketry

    

Ако познавате некоја ваша блиска особа која обожава да носи уникатен накит имаме одличен предлог за поклон за оваа есен. Рачно изработени привезоци од природно ореово, буково, дабово или сандалово дрво. За да се истакне неговата природна убавина, но и заради зачувување на природата околу нас приврзокот е заштитен со слоеви од кокосово масло и природен пчелин восок. Подарете дел од природата, дел од шумата, дозволете срцето од едно дрво да продолжи да живее како уникатно парче накит со кого би израдувале некого. Можете да погледнете уште вакви производи на следниов линк: Дрварчето

  

 Секој во својот дом има едно катче кое го уредува во складност со сезоните, кое е центар на целиот дом и каде најчесто се умерени погледите на секој гостин, ако познавате некој таков може да го изненадите и воодушевите со еден прекрасен детал кои буди волшебни чувства. Една слатка убава есенска самовила или "Листовила" како што ја нарекла нејзината авторка. Толку уникатно дело изработено со огромна љубов и трпение и вткаени емоции толку нежни и смирувачки баш како оваа есен. Погледнете и други дела на следниов линк:@samovilend 



Некогаш геометриска линија и комбинацијата на неколку нијанси на бои е добитна комбинација за една есенска колекција на накит. Доколку познавате некој кој би се восхитувал на овие прекрасни парчиња накит изработени од полимерна глина од вештите раце на еден искусен уметник во своето поле ова е совршен подарок. Самите бои имаат смирувачки ефект и сигурно и вие веднаш можете во главата да си замислите различни комбинациина на облека со нив. За слични уникатни производи посетете го следниов линк :TRYstore рачно изработен накит



    

Есента е период во кој душата бара топлина преку интензивните топли бои, удобноста на мекото ќебе и мирисот на чај, до уживањето во моментите на мир и спокој во нашиот дом, опкружени со декоративни предмети кои зрачат со есенка магија. Опијте се од убавината на овие рачно насликани шољи со кои можете да  го збогатите домот, вашиот или на некој ваш сакан на кого може да подарите ваков прекрасен поклон за после заедно да може да уживате во топол чај. За повеќе вакви изработки посетете го следниот линк: Шарено ќоше


  

 Период е на топли напивки. Си го грееме телото со различни чаеви, кафенца и какао. Често се наоѓаме склупчени под меко ќебенце после напорен работен ден со шоља во рацете и книга спремна за да не воведе во некој друг свет. Што би било посовршено за подарок во овој период од прекрасни подметачи со есенски мотиви. Израдувајте некој свој кој знае да ужива во топлото чајче и прекрасниот есенски декор. Доколу сакате да разгледате слични изработки посетете го следниот линк: Slavica Caci Trckova




Со доаѓањето на есента веднаш внесуваме промени во стилот на облекување. Секоја сезона носи промени на бои, нијанси, кроеви. А со тоа доаѓа и потребата за комбинација на аксесоари и секако чанти. Чантите се детал кој го надополнува целиот изглед. Доколку сакате некој да заблеска оваа есен и да го усреќите ние ви даваме предлог поклон, рачно сплетена чанта од трикотажно предиво изработена од стручни и искусни раце. Смислена и изработена како право уметничко дело со последен детал. Прекрасна и совршена за есенските комбинации. Погледнете уште вакви изработки на следниот линк: MAMA love crochet


  

 Со завршувањето на летото се збогуваме со цветовите, нивното шаренило и нивните миризби. Природата се припрема за сон. Но доколку го подарите овој накит на вашите драги особи, тие ќе ја носат со себе таа цветна занос низ сите годишни сезони. Накитот од суви цветови во смола ги одржува во живот спомените на летните шарени ливади. За повеќе вакви изработки погледнете на следниот линк: Mary's Handmade

    

И секако да не го заборавеме обележјето на секоја есен а тоа е ноќта на вештерките. Иако не е наше традиционално обележје сепак се повеќе и повеќе се забележува на нашите простори. Изрежани тикви, скелети, духови и вештерки. Освен како маскембал такви детали вметнуваме и во домовите и еве еден наш предлог за да поклонете некому една мала слатка вештерка. Рачно сплетена, прецизно осмислена, со есенска комбинација на бои ќе израдува некого оваа есен. Можи да се носи како приврзок за клучеви, на ранец, украс во домот, како ќе посакате. Со нејзе ќе ја доловите ваш таа Halloween атмосфера. За уште вакви прекрасни изработки погледнете на следниов линк: MiLi (MiKa Dolls)

    

Ако се навратиме повторно на топлите есенски напивки ви препорачуваме уште еден производ од наш ракотворец кој ќе ја долови таа есенска идила и е идеален подарок сезонава. Есенските бои, жолта, портокалова, бордо се совршено искомбинирани и совршено ја доловуваат есенската атмосфера. За многумина, првиот изборна топол напиток  е секогаш чај, кафе или пак топло чоколадо, но постојат голем број на топли пијалоци кои сосема заслужено го носат епитетот „есенски". Совршен подарок за некого а и за вас самите доколку уживате во ваков декор. За повеќе производи како овој посетете го линков: Humpty Dumpty


Во овој период од годината трпезите се  шарени и разиграни со секакви бои и миризби. Секој од нас сака да декорира по свој вкус и оваа сезона за вас имаме да ви понудиме совршен украс. Држачи на свеќи во смирени тонови со кои може да го декорирате секое ќоше од вашиот дом. Ќе добиете разиграни сенки и ефектот ќе биде воодушевувачки. Изработени се трпеливо и совршени да се вклопат во сечиј ентериер. Ако сакате да погледнете уште вакви изработки посетете го линкот:Pletena prikazna Pletena prikazna


Топлите есенски портокалови нијанси прават топлина во душата. Ако сакате некого токму така да стоплите подарете уникатно парче накит плетено во макраме техника. Сплетени со љубов и желба да ви пренесат убави чувства и со нив да се чувствувате прекрасно и единствено. Накитот не издвојува од другите, накитот е начин да се стави личен печат на својот изглед. Бидете уникатно и ако сакате да погледнете уште вакви ракотворби посетете го линкот: Phoenix Knots

Имаме една понуда за рачно сплетена комплет од кардиган и чанта кои можете некому да ги подарите. Во магични есенски тонови беспрекорно изработени и воодушевувачки стилизирани за оваа есен. Следете ги трендовите и поклонете нешто уникатно кое ќе биде носено со љубов. Заносна убавина носи секое чворче сплетено од уметнички неуморни дланки. За повеќе слични изработки посетете го следниов линк: А-Нитка: плетени изработки

    Есен не е есен без миризливи свеќи во домот. Доколку сакате некому да поклоните прекрасна есенска портокалова атмосвера ние го имаме совршениот подарок. Миризливи свеќи прекрасни за окото и со волшебни мириси. Истите се направени од парафин,  портокалова течна боја и есенцијално масло со арома на портокал. За декорација се користени најразлични репроматеријали, во случајов, сушен портокал, гранки од бор и конап. На линкот подоле можете да разгледате уште вакви слични производи: @bohoglam___

    

Домот е местото на кое сите се враќаме на крај. На крајот од работниот ден, на крајот од школскиот ден, на крајот од прошетките. И сите сакаме да се чувствуваме смирено, потполно, и убаво и заради тоа го уредува е по наша желба и за наша душа. Секое ќоше го осмислуваме, секоја полица. Подарете со себе или на своите сакани прекрасни есенски декорации кои баш ќе ви ја доловат топлината и обоеноста на природата надвор. За слични преслатки изработки погледнете на следниов линк: Магични Теглички

     

Заладуваат деновите, заладуваат и  ноќите. Сонцето ја скратува својата прошетка со доаѓањето на есента. Ја менуваме гардеробата со потопла и се восхитуваме на плетените џемпери, капи, шалови. Токму вакво парче е совршено за подарок оваа есен. Стоплете нечие срце со рачно плетено парче облека на кое некој искрено ќе се израдува. Вештите раце плетат со љубов и желба да восхитат некого. Да не потсетат на бабините раце кои плетена џемпери и елечиња кои не грееја сите кога бевме деца. Секој од нас во својот гардеробер чува некое такво парче од кое неможи да се оддели и кое е како дел од неговата душа. Погледнете уште многу плетени производи на следниов линк:МIS collection

    

Дали сте слушнале досега дека тиквата ја нарекуваат кралица на есента? Овој период ја има насекаде, на нашите трпези во најразлични јадења, во нашите дворови и бавчи, и како декорација во нашите домови. Ги има во најразлични форми и нијанси и е симбол на есента. Имаме за вас идеа за подарок плетена тиквички Рачно изработена од вредни и креативни дланки. Ќе внесе есенска радост и ќе царува како вистинска живот во нечиј дом.Dari-Art

    И на крај никако не смееме да ги заборавиме најмалите и најмилите. Ви ги нудиме како идеа овие преслатки лисички, држач за цуцла и приврзок кои толку слатко ја претставуваат есенската идила. Подарете на некои детски рачиња кои ќе си играат со нив и ќе бидат дел од нечие детство. За повеќе вакви преслатки изработки повелете посетете го следниов линк:Ателје совршен свет/Perfect art studio











Popular posts from this blog

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна