Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

 


 Ви ја претставуваме Анета од Охрид, ракотвока која има широка лепеза на рачно изаботени производи, работи во повеќе техники  и во секоја од нив се снаоѓа совршено добро. Со рачна изработка започнала да се занимава пред пет години откако останала без работа, главен мотив за да започне да ракотвори и било тоа што сакала да си го пополни слободното време, своите изработки ги споделувала на социјалните мрежи и така ги добила и првите нарачки.     Најпрвин започнала да црта на чаши, а најбарани и биле чашите со мотиви од јунаците од цртаните филмови, но понатака почнала да изработува декоративни закачалки за клучеви изработени од парче дрво и камчиња кои ги собира покрај Охридското езеро. Понатака започнува со изработка на слики од камчињата и на тој начин успева на секое обично камче да му вдахне парче душа со посебно значење за секој поединец за кого сликата е направена.

    Пралелно со сето тоа и се појавил интерес и за работа со полимерна глина и епоксидна смола и од нив изработува накит, приверзоци, бележници за книги, а инспирација наоѓа во се, но најчесто во природата и во своите две ќерки Јана и Дафина кои често сакаат да работат со нејзе и да    направат нешто за своите другарчиња.

    Таа на кратко ни го опиша процесот на изработка на ракотворбите кои ги изработува
“чашите се цртаат со специјални бои и потоа се печат, печењето е 30 минути, а цртањето понекогаш бара многу повеќе време. Сликите се изработуваат подолго, потребен е концепт за изработка, понекогаш боење, па откако ке се залепат камчињата се лакираат и се сушат најмалку еден ден. Полимерната глина се меси, обликува и се пече, а епоксидната смола се излева во калапчиа во кои останува 24 часа додека да се стврдне. Најважна е замислаа како сето тоа да изгледа и по можност и желба може да се додаваат суви цветови, бои, светки...“



    Анета вели дека овие процеси на изработка за нејзе се многу интересни, но и дека преку нив успева да си посвети дел од денот на своите интереси, да направи некого среќен и да разубави нечиј ден.
    Таа вели дека сака да ги охрабри и другите кои размислуваат за ракотворење – да пробаат, дури и да не работат за продавање, бидејки уживање е да се изработува и за себе. Верува дека после првото изработено парче ке следи и второ и трето...  Таа се труди секогаш да им помага на другите со совет и да им биде на располагање за поддршка на оние на кои им е потребна доколку започнуваат да ракотворат.
 Нејзините изработки можете да ги погледнете на фб страната; АНИНО и инстаграм профилот @aninogift



































Popular posts from this blog

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна