Татјана Николиќ - творец на НиТА декорации


     Денес патуваме во југоистичниот дел на Македонија, во Струмица. Прва асоцијација за Стумица ни се струмичките кикирики и најубавиот зеленчук ( што би рекле струмичани чушки и френки). Но, Струмица е богата и со вредни луѓе кои со своите десет прсти создаваат ремек дела. Една од нив и нашата ракотворка Татјана Николиќ. По струка е инженер по дрвна индустрија, но некако не се пронаоѓа во таа  дејност. Но, затоа таа е виртуоз со игли, за плетење и шиење . 

    Уште од најрана возраст се интересира за шиење и плетење. Како дете нејзини први муштерии биле куклите на кои им шиела најразновидни креации. За прв пат на машина за шиење започнува на 15 години. Но, кога некој е креативен , неговиот дух не мирува. Па така Татјана запонала со плетење (со две игли) и со хеклање ( со една игла). Последниве 15-20 години целото внимание го посветува на хеклање. А, идејата за хеклање дошла спонтано. Таа е сопственик на дуќан , па идеата за плетени работи и дошла како природен тек на нештата, во комуникасација со нејзните муштерии. Татјана е позната и по тоа што скоро секоја година учествува со свои креации на Струмичкиот карневал,  престижен настан во рамките на карневалските случувања. Зимно време, претежно изработува капи кои ги продава во својот дуќан.  Но, Татјана своите изработки ги продава и преку социјалните мрежи ( он лајн). Најбарани изработки се капите, шеширите, кебиња, играчки за деца...сето тоа разбирливо бидејќи најголема инспирација и се нејзините внуци за кои исто така плете со особено задоволство.

                Материјалите ( предиво, конци, игли и друго) ги набавува во Струмица и во Скопје. 
Времето за изработка зависи од самиот производ и пред се од комплицираноста на плетката и моделот. Така на пример изработка на капа може да биде два дена, додека за ќебе  изработувањето може да трае и една недела. Самиот процес не е едноставен, бара време и посветеност. Пред се договор со клиентот, одердување на модел , боја, предиво ( волница, конец..) . И тогаш почнува процесот на создавање магија со двете вредни раце на Татјана. Татјана ни откри една мала тајна, а тоа е трепетот на душата дали на клиентот ќе му се допадне изработката. Според неа, тоа е најтешкиот дел од создавањето на нова креација. Но, кога ќе го види задовоството на лицата на клиентите, радоста е неизмерна. 


За крај на ова виртуелно дружење со Татјана, како искусен ракотоврц на сите им порачува доколку имаат желба, воопшто да не се двоумат, веднаш да започнат. Зошто плетењето е мед за душата и јога за мозокот која одмора и смирува.
Изработките на Татјана можете д а ги видите на нејзиниот фб профил NiTa dekoracii

















Popular posts from this blog

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна