Емилија Алексовска Мили - креативка која со игла и конец создава "живи" кукли

Драги читатели, љубители на уникатните, вешти креации на човечките раце, со огромно задоволство започнуваме со промоцијата на ракотворците од нашата прекрасна Македонија.
Првиот циклус на промоција го започнуваме со една прекрасна ракотворка, уметница, виртуоз во својата вештина, жена која има моќ да создава “живи“ кукли за кои кога ке ги видите, помислувате дека мора да имаат душа и очекувате да прозборат.
Еве што дознаваме од разговорот со нејзе:

    

    Емилија Алексовска од Велес има 39 години, мајка е на две деца, во 2013 година започнува да се занимава со хеклање, започнува да хекла џемпери, блузи, фустани, капи..., со тек на времето открива дека многу сака да се посветува на деталите како што се мотивите кои ги плетеле бабите и се карактеристични за изработка на милиња, потплетување на работи од постелнини или разни колани кои се користеле во носиите, па поради тоа започнува да хекла накит и со изработка на хеклан накит се занимава се до пред две години, кога ја открива техниката амигуруми.

     Амигуруми се смета за јапонска техника, самото име е составено од зборовите “Ами“ – хеклање или плетење, “Куруми“ – обвиткување или замотување и “Нигуруми“ – полнета кукла. Во оваа техника се изработуваат кукли, животни, храна... опфаќа плетени изработки со наједноставни форми, како топчиња, па се до форми како анатомски правилно сплетени човечки глава и тело.
Таа вели дека за изработката на кукличките, инспирација добила од своето синче, а ќерќичката ја инспирирала за цветните детали кои ги изработува и вметнува во своите изработки. Она што најмногу ја привлекло во оваа техника и она во што најмногу се пронаоѓа е потребата да го негува детскиот дух во себе, за кој чувствува дека е сеуште присутен, како и безграничните креативни можности кои ги нуди оваа техника. Вели дека ужива во целиот процес и дека секој дел од истиот е подеднакво важен. Смета дека рацете или фатот, народски кажано, е тоа по кое еден креативец се препознава и издвојува од останатите, а личниот бренд (името) е она по кое луѓето препознаваат.
    Нејзините изработки уште на прв поглед “говорат“ за тоа колку талентирани раце има оваа креативка, за квалитетот на нејзиниот “фат“, за посветеноста на деталите, за љубовта со која работи, за неверојатната прецизност и нејзината способност да создава прекрасни суштества од нејзината фантазија или со неверојатна автентичност да ги изработува веќе познати ликови кои се дел од цртани филмови, филмови и игрици. 
Палетата на нејзните креации е голема и разновидна, од нежни куклички, девојчиња облечени како печурки, животни, малиот принц па се до Џокер и Харли Куин. 
За оваа техника во која твори, таа ни открива дека за изработка на една хеклана кукличка не е потребен голем и специјален простор, иако секоја креативна работа заслужува да го има, но добрата страна е во тоа што кукличките можат да се хеклаат и надвор во природа на некоја полјана, на клупа во парк...
    Од материјали потребни се: игла за хеклање (чингелакија), конец и соодветно полнење.
Тоа се основните нешта кои се потребни за да се започне со изработка на амигуруми, а за покомплексни изработки е потребна арматура од жица, која најчесто ракотворецот сам ја изработува, зависно од идеата, може косата може да  се иплете, да се изработи со чешлање на акрилен конец,  да се стави вештачка коса, се употребува синтетичка коса или коса од коза (козина) која што е најблизу до природната, а воедно е и најскапа.
    За изработка на еден проект, може да се користат напишани шеми по кои се плете и Емилија го истакнува тоа дека најинтересен и е фактот што иако шемата е иста, проектот изгледа различно од различни изработувачи, баш токму заради тој “фат“ кој секоја личност го поседува и е еден личен печат кој секој ракотворец го остава на своите изработки.
Освен по шема, амигурумите може да се изработуваат и само според гледање на слика или пак според идеа на самите изработувачи, се разбира доколку се вешти хеклачи.

    
    Таа вели дека оваа техника бара многу време и посветеност, за разлика од хеклањето џемпер, на пример, невозможно е истовремено да се прави и нешто друго, како пиење кафе со пријатели, правење муабет и сл. Бидејки и најмала грешка може да доведе до поинаков изглед на изработката што значи враќање на почеток и губење време. Но токму тоа и ја сака оваа техника, бидејки ја смирува и и овозможува да ги фокусира своите мисли.
    Следен предизвик и се хеклани портрети кои се прават во слободна техника, што значи дека нема шема или правец на следење во плетењето, туку едноставно се следат формите и  боите. 
Ние веруваме дека и во таа техника Емилија ке биде неверојатно добра и ке создаде извонредни дела,  дека ке ги оствари сите свои креативни замисли и едвај чекаме да видиме како ке изгледа и тоа изработено од нејзините раце. 
Доколку сакате да видите повеќе изработки од Емилија, можете да ја пронајдете на: 

























 

Popular posts from this blog

Есенски идеи за подароци и украсување на домот

Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Да ја запознаеме Ивана од Плетена приказна