Анета Ангеловска од Охрид - создавач со неисцрпна инспирација

Ви ја претставуваме Анета од Охрид, ракотвока која има широка лепеза на рачно изаботени производи, работи во повеќе техники и во секоја од нив се снаоѓа совршено добро. Со рачна изработка започнала да се занимава пред пет години откако останала без работа, главен мотив за да започне да ракотвори и било тоа што сакала да си го пополни слободното време, своите изработки ги споделувала на социјалните мрежи и така ги добила и првите нарачки. Најпрвин започнала да црта на чаши, а најбарани и биле чашите со мотиви од јунаците од цртаните филмови, но понатака почнала да изработува декоративни закачалки за клучеви изработени од парче дрво и камчиња кои ги собира покрај Охридското езеро. Понатака започнува со изработка на слики од камчињата и на тој начин успева на секое обично камче да му вдахне парче душа со посебно значење за секој поединец за кого сликата е направена. Пралелно со сето тоа и се појавил интерес и за работа со полимерн...