Креативната Мила од секоја замисла прави уметничко дело

Кога некој има креативност во себе ништо на светов не може да го спречи да ја покажe. Ништо такво неможе да остани скриено и потиснато во срцето и умот на уметникот. Со творењето тој дише, со творењето се храни, тоа е дел од неговото постоење. Денеска ќе зборуваме баш за една таква душа. Чест ни е да ве запознаеме со младата Мила Николовска која има 24 години и е дипломиран графички дизајнер. Со изработка на накит започнала да се занимава уште како дете. Отсекогаш тоа ја интересирало и привлекувало. Од сите материјали со кои таа работела полимерната глина и е дефинитивно најголемата љубов од детството и за прв пат ја сретнала во Австрија но пред 3 години решила да се посвети на изработка и продажба на накит од полимерна глина но и од други техники.